За да не се оди по кал, се прават патеки околу Олимписки базен


Општина Центар започнува со изведба и реконструкција на пешачки патеки и тротоари во Ново
Маало, Водно и Буњаковец.

Општина Центар по барање на граѓаните започна со изведба на нови и реконструкција на
постоечки пешачки патеки и тротоари во Ново Маало, Водно и улицата „Никола Тримпаре“ во
населбата Буњаковец.

Општина Центар започна со изведба на пешачки патеки со бекатон плочки околу Олимпискиот
базен затоа што повеќе години овој дел од Центар делуваше запуштено и неуредено и при
поинтензивен дожд пристапите се полнеа со вода со што движењето на граѓаните беше отежнато, велат од Центар.

Со бекатон плочки се поплочува и улицата „Никола Тримпаре“ во населбата Буњаковец која исто така при пороен дожд го отежнуваше сообраќајот за возилата и пешаците.

Со изградбата на пешачките патеки Општина Центар продолжува да ја подобрува состојбата на
постојните патеки, како и да изведува нови пешачки патеки на нејзина територија кои ќе
придонесат за нејзин развој и разубавување.