Меган Маркл: Ќе се пораѓам дома


Англија– Велика Британија и светот се во исчекување на раѓањето на новото кралско бебе чиј пол, по традиција, се крие.

Според британските медиуми, Меган сака да се породи дома, како кралицата Елизабета Втора. Таа се има родено во домот на баба ѝ и дедо ѝ во Мајфер и сите четири деца ги родила во Бакимгенската палата или во Кларенс хаус.

Со оглед на фактот дека првото дете на војводата и војвотката од Сасекс нема да претендира за тронот, Меган сака породувањето да биде што поприватно.

Веќе го избрала и лекарскиот тим во кој има само жени, но не и мажи доктори.

Се спомнува дека таа учи хипно-техники за породување за да не трпи големи болки, по совет на мајка ѝ Дориа Рагланд која ја храбри да се породи по природен пат.

Принцезата Кејт три пати се има породено во болницата „Сент Мери“ во Лондон, а принцезата Ана и принцезата Дајана се имаат породено во славната болница „Линдо Винг“ во Лондон.