За бесплатниот превоз, студентскиот оброк, кариерно советување и мониторинг во високото образование разговарале студентите со министерката
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска имаше средба со претставници на Националното студентско тело, Сојузот на средношколци и Форумот за образовни промени со кои разговараше за заедничките приоритети во 2025 година.
По средбата таа изјави дека МОН и Владата имаат одлична соработка со младите и дека во изминатите шест месеци им излегле во пресрет за повеќе нивни барања, со кои се прошириле правата и можностите за учениците и студентите.
-Сакав Новата година да ја почнам со младите кои се иднината на оваа земја. И денеска имавме плодна дискусија, најдовме заеднички точки и се договоривме за она што ќе ни биде приоритет во 2025 за заедничко решавање меѓу МОН и студентите. Заклучивме дека за шест месеци сме исполниле шест студентски барања, што сметам дека воопшто не е малку, што не биле решени во седум години… Состанокот беше плоден, повеќето нивни барања ќе бидат во најбрз можен рок исполнети, некои ќе бидат малку одложени, но продолжуваме заеднички да работиме, изјави Јаневска.
Потсети дека беше најдено решение за бесплатниот студенстки превоз во Скопје и соопшти дека денеска ќе бидат уплатени 120 милиони денари на ЈСП Скопје.
-Разговаравме за зголемена контрола или мониторинг во високото образование, зборувавме за повеќе електронски учебници односно студентите побараа повеќе учбници да бидат поставени на платформа во ПДФ формат, рече Јаневска.
Приоритетите во високото образование, посочи таа, ќе бидат во насока и на подобрување и на квалитетот на образование, за што ќе се ревидираат студиските програми.
-Студсиките програми кои се навистина бројни ќе треба да се ревидираат, дел од нив да се стават во мирување, дел од нив да се укинат, но тоа го работиме заедно со универзитретите кои имаат автономија. Дел од тие програми ќе бидат модеренизирани според потребите на студентите, но и според потребите на пазарот на труд, рече Јаневска за медиуимите.
Соопшти дека реконструкциите на двата студентски дома, „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје ќе бидат завршени до крајот на идната година и дека продолжува кредитната линија за да бидат реновирани и другите државни студентски домови.
На средбата разговарале и за студентското организирање и за двата закона – за студентски и за ученички стандард кои, рече, се подготвени и годинава треба да бидат донесени.
Берин Мухамед од Сојузот на средношколци изјави дека заедно со студентите излегле со два нови предлог закона – за средношколско и студентско организирање.
-На средбата зборувавме и за кариерното советување, кое ни е потребно и во средното и во високпото образование, зборувавме за државната матура, како и за дигитализација и да биде дадена можност учебниците да ги имаме и во ПДФ-формат и да може да ги даунлодираме, изјави Мухамед.
Претседавачот со Националното студентско тело, Александар Николовски, изјави дека со министерката дискутирале за квалитетот во високото образование и за потребата од евалуација во универзитетските управи – и на државните, и на приватните универзитети.
-Во делот на студентскиот стандард диксутиравме за зголемување на опсегот на бесплатен јавен превоз за сите студденти, покрај од државните, и од приватните универзитети, како и во другите универзитетски градови. Зборувавме како ќе се пренаменуваат средствата предвидени за студентски оброк во делот на зголемуваење на опсегот на студенти што ќе го користат, рече Николовски.
Тема на разговор било, рече, и дигиатлни учебници на сите универзитети и електронска наместо пластифицирана картичка за јавниот превоз во Скопје.
Во однос на тоа дали ќе се зголеми дневниот износ на студентскиот оброк или, пак, да остане истиот од 140 денари, а да се зголеми опсегот на студенти што ќе ја користат оваа субвенција, министерката Јаневска одговори дека се прават анализи.
-Во моментов во Министертсвото се прават анализите – доколку се прошири опсегот на студентскиот оброк, колку тоа реално би чинело. Студентите во моментов бараат проширување на опсегот, што значи дека дел од студентите кои се вклучени на пазарот на трудот по некакви минимални заработки, дека би требало да добијат студентски оброк. Во МОН има големо расположение и волја тоа и да се оствари. Мислам дека до крајот на овој месец или во февруари ќе ги имаме и тие анализи и ќе седнеме да се договориме дефинитивно за тоа. Но, нека биде тоа и од следната година, тие секако ќе ги добијат тие средства кои се предвидени за нив, рече Јаневска.