За 5.900 вработени во МВР бонус од 28.700 денари

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска на 5.897 вработени во МВР, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2021 година, ќе им биде исплатена бонус платата во поединечен нето износ од 28.718 денари.
За оваа намена од Буџетот на МВР издвоени се 188.167.373 денари, средства коишто се обезбедени со домаќинско и планско работење. Досега, вклучувајќи ја и бонус платата за 2021 година, исплатени се пет бонус плати со вкупна вредност од 561 милион денари односно 9 милиони евра.
Откако за првпат во 2019 година беше исплатена бонус плата Министерството за внатрешни работи продолжи со обезбедување средства за исплата на бонус плата и за 2020 година, но и за 2017 и 2018 година и тие се исплатени на вработените во МВР, коишто овие средства веќе нема да ги бараат преку суд.
МВР соопштува дека е решено континуирано да го унапредува статусот на полициските службеници и вработените во МВР, како преку драстичното и сеопфатно материјално-техничко и инфраструктурно подобрување на условите за работа.