За 34,4 отсто помалку издадени одобренија за градба во јануари


Во јануари годинава издадени се 256 одобренија за градење, што е за 34,4 отсто помалку во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.503 536 илјади денари, што е за 41,6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 166 (64,8 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 48 (18,8 отсто) за објекти од нискоградба и 42 (16,4 отсто) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 256 објекти, на 164 (64,1 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 92 (35,9 отсто) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 56.031 м2.