За 24 часа пронајдени три тела на три плажи во Грција


Во рок од 24 часа на грчкиот остров Родос на три одделни плажи најдени се тела на три мажи, пренесе АНА.

Се наведува дека првото тело е најдено на плажата меѓу местата Афанту и Колимпија во саботата, а вчера се најдени уште две тела на плажи во областа Афанту и Фалираки.
Грчката агенција наведува дека крајбрежните власти од Родос покренале истрага, а телата се испратени на судска медицина.