За 10,7 отсто намален бројот на починати од Ковид-19, а за 4,2 отсто намален бројот на новозаразени


Фото: Б. Грданоски
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 30 ноември до 6 декември тестирани се вкупно 17.456 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2,  што е намалување од седум отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 4,2 отсто во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.610; 40,4 отсто), со неделна инциденца – 422,6/100.000. Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување е 37 отсто, соопшти Министерството за здравство.
 
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 (n=1.639, 25,4 отсто). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 години (n=1.244; 19,2 отсто), од 40 до 49 години (n=1.222; 18,9 отсто), од 50 до 59 години (n=1.217; 18,8 отсто) и од 20 до 29 години (n=791; 12,2 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=107; 1,7 отсто) и од 10 до 19 години (n=243; 3,8 отсто).
 
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.313 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
 
Пријавени се 184 смртни случаи од 25 града, со намалување од 10,7 отсто во однос претходната недела на известување. Во однос на возраста, 158 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од од 50 до 59 години, пет смртни случаи се пријавени од возрасната група од 40 до 49 години и еден случај во возрасната група од 30 до 39 години.
 

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 30 ноември до 6 декември, како и кумулативната состојба се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/