За 10 години 66 илјади Македонци земале бугарско државјанство


Заклучно со 22 октомври годинава, речиси 78 илјади македонски државјани побарале да добијат бугарски пасош врз основа на своето бугарско потекло, велат официјалните податоци во Бугарија презентирани во парламентот

 

Од 1 јануари 2010 година до 22 октомври 2020 година речиси 78.000 македонски државјани поднеле барање за бугарско државјанство, а речиси 90 отсто од нив и го добиле. Во последните 10 години, 66.000 Македонци добиле бугарски пасош и сите врз основа на своето бугарско потекло. Овие податоци денеска во бугарскиот парламент ги обелодени министерката за правда Десислава Ахладова одговарајќи на новинарско прашање. 

Линк до целиот текст на Дојче веле тука