Windows ја загрозува безбедноста на корисниците со пристап до личните податоци

По долго време, Microsoft реши да го надгради Windows и со тоа да одговори на загриженоста на корисниците за безбедноста на личните податоци.

Компанијата Microsoft веќе долго време е под притисок на европските закони, според кои треба да работи транспарентно во врска со податоците кои ги има од своите корисници, а откако се откри кои податоци оперативниот систен ги собира, Европската Унија побара од компанијата да направи чекор напред во надградба на истиот.

Со промените, корисниците ќе знаат со кои податоци располага оперативниот систем, но новата надградба ќе биде достапна само на мал број корисници кои имаат пристап до новата  „Windows Diagnostic Data Viewer”, а според планот на компанијата надградбата треба да биде готова до пролет.