Вулин повикува на казнување на опозициски политичари за протестите


Српскиот министер за одбрана Александар Вулин  ја обвини опозицијата за синоќешните протести барајќи на силата да се одговори со „сила на закон“ и казнување на политичари.

„Бидејќи оние што влегоа со моторна пила во РТС не беа казнети, оние што ја искористија својата парламентарна функција да ги срушат вратите во Националното собрание, затоа што оние што организираа протести за време на вонредната состојба не беа казнети, затоа што никој не беше казнет за стопирање на сообраќајот во Белград и малтретирање на мирни граѓани, тоа е причината зошто хулиганите и политичарите кои ги поттикнуваа дивееја во Белград минатата ноќ“, напиша тој.

„Државата Србија мора да докаже дека во неа владеат закони, а не насилници и политичари кои можат само со сила да влезат во собранието“, додаде тој.

Тој исто така повика на казнување на политичарите.

„Или секој политичар што повикува на насилство и секој силеџија што го уништуваше Белград синоќа ќе биде пронајден и казнет, ​​или нема демократија во Србија. Србија мора да одговори на сила со сила на закон“, заклучува тој.