Вучиќ: Зошто да се откажеме од соработка со Турција и Унгарија – сè што побаравме, ни дадоа!


Фото: Б. Грданоски

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вели дека овој денешен состанок со лидерите од Македонија, Албанија, Турција и Унгарија му е исто важен како и состанок во европскиот совет.

– Зошто да се откажеме од соработката со Турција, па тоа е пазар со 90 милиони луѓе. Зошто да се откажеме од соработката со Унгарија, па сите капацитети што ги побаравме, за чување гас, сè што побаравме ни дадоа – рече Вучиќ.

Тој смета дека во регионот на Западен Балкан секогаш мислиме дека другите се подобри од нас, а Отворен Балкан го покажува спротивното. Затоа, што иницијативата ја „створивме ние, наша идеја, наша реализација, а сега и други земји сакаат да ни се приклучат“.