Вучиќ: Србија е најдоброто место на Земјата за средба меѓу Трамп и Путин
Во Србија Доналд Трамп има најголема поддршка во цела Европа, а Путин е се уште многу, многу популарен, рече српскиот претседател Александар Вучиќ коментирајќи ја можната средба на двата светски лидери.
Според Вучиќ,. Белград е заинтересиран да биде место за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
„Ова е местото на Земјата кое би било исклучително погодно за двајцата“, изјави Вучиќ за провладината телевизија Пинк. „Србија е надвор од двата блока и во суштина независна и суверена држава, целосно подготвена да им гарантира целосна безбедност на двајцата претседатели“, продолжи тој.