Вучиќ се закани дека ќе го смени текот на реката Ибар за да им го загорчи животот на Албанците
Тој ги покани сите, кои, како што изјави, се „големи заштитници на интересите на српскиот народ“ да го прашаат српскиот народ во Косово и Метохија во кого го гледаат единствениот заштитник.
„Дали е опција за нас во овој момент да војуваме со НАТО, дали е опција? Не мислам така. Правиме сè што можеме за да им го олесниме животот на нашите луѓе, што е ужасно тешко“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека Србија собира експерти од градежниот сектор, инженери и други за да видат како може да се промени водотекот на Ибар.
„Кога толку многу го малтретираат нашиот народ, да видиме, имаме различни причини за промена на текот на Ибар, па ќе видиме што ќе прават Албанците и како ќе се однесуваат. Ние сме суверена земја, знаете, понекогаш имаме вакви интереси, понекогаш имаме такви интереси и ќе дејствуваме соодветно“, рече претседателот на Србија.
Вучиќ им порача на сите кои, како што вели, „би биле среќни да седат во кафулиња и барови и да му кажуваат на некого дека не е херој, иако тој некој се борел многу, многу повеќе од сите нив заедно“, дека е убаво да се имаат патриотски чувства, но дека мора да кажат какво е решението.