Вучиќ се повлече од воведување полициски час – повикува да не се оди на протести


Претседателот на Србија Александар Вучиќ, во денешното обраќање до нацијата рече дека размислуваат за заострување на мерките за сузбивање на корона вирусот, но без полициски час.

„отвараме нови болници. И Ана (Брнабиќ премиер) и Лончар (министер за здравство) сметаат дека постои уште една шанса да се заострат мерките, но да нема полициски час. Сакам да им кажам на граѓаните на Србија дека сум пртив тоа и дека единствен спас е да одиме на забрана на движење“, порача Вучиќ.

Тој ги повика луѓето да не излегуваат на протест вечерва, со оглед на тоа дека денеска е најлошиот ден од епидемијата по број на заразени.

„Денеска ни е втор најлош ден по број, 375 лица од 8.600 тестирани. Единаесет починаа, а 118 се на респиратор“, рече Вучиќ.

Инаку, вчерашните немири пред Собранието ги нарече „акт на политичко насилство.

„Синоќа, иако некои се обидоа да го оправдаат тоа со корона вирусот, бевме сведоци на политички протест кој беше непријавен, се случи лица од десничарска ориентација да ја нападнат зградата на Народното собрание и влегоа во неа, што значи две кривични дела“, рече Вучиќ.

Според него, полицијата реагирала дури откако луѓето почнале да ги вандализираат институциите.

Вучиќ порача и дека знае оти странски служби се вмешани во синоќешните случувања и дека нема да дозволи понатамошно нарушување на угледот на Србија.

Покажуваше и фотографии од повредени полицајци.

Во синоќешните протести беа запалени пет полициски возила, повредени 43 полицајци и 17 демонстранти. Граѓаните на Србија излегоа на улиците на Белград како реакција на најавениот карантин во главниот град од петок до понеделник, како мерка за спречување на ширењето на корона вирусот.