Вучиќ речиси беше во право: Во Србија 412 новозаразени, девет починаа


 

Во последните 24 часа во Србија регистрирани се нови 412 случаи на заразени со корона вирус, додека починаа девет лица.

Во последното деноноќие тестирани се 11.079 лица, а вкупно 591.350, додека потврдени се 22.443 случаи на зараза.

Досега во Србија од Ковид-19 починаа 508 луѓе, а смртноста е 2,26 проценти.

Во болница има 4.649, а на респиратори 185.

Претседателот Александар Вучиќ утрово, при посетата на Бања Лука, порача дека денеска ќе биде зголемен бројот на нови случаи, а тоа според него, се должи на протестите кои се одржуваа пред Парламентот во Белград, кога Србите протестираа против најавените повторени рестриктивни мерки.

За споредба, вчера во Србија беа регистрирани 426 нови случаи, а деновите пред тоа 352, 359, 389…