Вучиќ призна дека тој го наредил уривањето на Савамала во Белград


 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека ја донел одлуката за уривање на објектите во Савамала во Белград.

Запрашан за тоа кои се целосните идиоти, како што тој еднаш ги нарече, кои демолираа во Савамала, тој одговори дека тој ја донел одлуката.

„Со гордост ве информирам дека јас бев тој што ја донесов одлуката да се урнат трошните куќи во кои некои си правеа екстра профит за себе и да се гради Белград на вода. Јас, негативно роден, татко на криминалец, брат на криминалец, злосторник., фашист,  јас. А целосни идиоти се тие што не ме послушаа и урнаа сѐ сред бел ден, а ме викаат да возам булдожер за да урнам сѐ и да направам град во град и гордост на нацијата“, рече Вучиќ.

Како што додаде, надлежните органи се обидуваат да утврдат кои се комплетните идиоти, а идејата била идиотска тоа да се направи во текот на ноќта.

Денеска се навршуваат седум години откако ноќта меѓу 24 и 25 април 2016 година беше урната цела населба во Белград.