Вучиќ прикажа фотографии од масакрирани тела на навивачи
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по завршената седница на Советот за национална безбедност извести за разговорите на седницата, а шокираше со фотографии од масакрирани тела на навивачи.
Седницата почна денеска во 18 часот, а на неа се разговарало за важни теми како борбата против организираниот криминал, ситуацијата во Косово, епидемијата во Србија и за односите во регионот.
Вучиќ на почетокот на приказната за криминалните организации рече дека успеале да се изборат со најмалку две групи и дека сега постојат само некои помлади кои сигурно ќе продолжат по стапките на оние кои се разбиени. Ним им се обрати со порака дека им се ближи крајот.
„Државата Србија нема да трпи убијци и наркодилери и тоа не само на централно ниво, туку од Врање со Суботица, од Ваљево до Ниш. Ќе има апсења колку сакате. Оние кои мислат дека со убивање и продажба на дрога можат да заземат високо место во општеството, се лажат“, порача тој.
Потоа на 30 секунди беа прикажани фотографии од масакрирани тела во рамки на истрагата за неколку убиства која се води во Србија, а министерот на полицијата Александар Вулин зборуваше за безбедносната состојба.
На фотографиите се работи за навивачи на Партизан и на Црвена звезда, а убиствата наводно ги извршиле припадници на криминалната група на Вељко Беливук кој неодама беше уапсен.
На една фотографија се гледа и тело без глава, а фотографиите се потресни и вознемирувачки.