Вучиќ прати војска во Шид да штити од мигранти


Претседателот на Србија и врховен командант на вооружените сили издаде наредба за употреба на армијата во безбедноста на граѓаните на Шид од мигрантите, пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на пишувањата на Танјуг.

Се очекува секој момент војската да пристигне во Шид, која утринава е ангажирана да го заштити населението во градот, како и нивните имоти од мигрантите,  дознава Танјуг.

На барателите на азил и мигрантите кои се сместени во центрите за азил и прифатните центри во Србија од 14. мај повторно им е дозволено движење.

Претходно, на сила беше наредбата со која привремено беше ограничено движењето на мигрантите и на оние кои бараат азил, за да се спречи ширењето на корона вирусот.

Шид е мал пограничен град на границата со Хрватска, со околу 15.000 жители и мигрантите го користат како крајна точка за да влезат во Европската Унија.