Вучиќ нареди отстранување на заштитната бариера од претседателската зграда


Седиштето на председателот на Србија од утрово е без заштитна бариера, што е единствен случај во светот.

Работниците на „Белград пат“, ја отстранија оградата од околу зградата на претседателството, по налог на претседателот на Александар Вучиќ, по протестот „1 од 5 милиони“ од саботата, кога демонстрантите се обидоа да ја урнат оградата и да влезат во зградата.

Со денешното отстранување, се овозможува пристап до самиот влез на зградата на претседателството.

Советничката за медиуми Сузана Васиљевиќ рече дека тоа е спротивно на сите закони и безбедносни препораки, но вели граѓаните сега ќе можат да пристапат до влезот за да не се прави фама од тоа.

Таа изрази надеж дека граѓаните ќе знаат да го почитуваат потегот и дека ќе се однесуваат со почит кион државните згради.

Влезот ќе го чуваат припадници на специјалната единица „Кобра“, со ознаки или во воени униформи, за да нема шпекулации кој ја чува зградата.

Таа додаде дека секаде во светот оној кој имал можност да известува од Белата куќа во Вашингтон или Елисејската палата во Париз на пример, знаат дека никаде не е можно да се пријде на државните објекти и претседателските резиденции затоа што се обезбедени всо високи огради.