Вучиќ најавува полициски час од петок до понеделник


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави за РТС дека не мисли оти се далеку или близу да се донесе одлука 24-часовна забрана за движење и дека тоа се оценува врз дневна основа. Тој најави дека во иднина најверојатно полицискиот час ќе биде од петок до понеделник.

„Саботата попладне нè чинеше скапо… Таа мерка сосема извесно ќе ја донесеме за Белград и Ниш, а дали ќе биде и за остатокот од Србија, ќе видиме“, рече Вучиќ за РТС.

Тој изјави дека е вознемирен секоја вечер кога ќе види колку луѓе умираат и колку новороденчиња се заразени.

„Ние ги преземами сите мерки за да се спречат повеќе мртви и да се спасат животите на луѓето. Ако мерките за зачувување на животите некого го вознемируваат, жал ми е за тоа, но животот ќе има приоритет. На секој човек“, рече тој.

Тој посочи дека Србија се наоѓа во потешка ситуација од 95 или 96 проценти од државите, затоа што имаше голем влез на луѓе пропорционално со населението – 400.000 лица, но додаде дека ова сега во голема мерка е под контрола.

„Не можете да обвините никој тука. Овие луѓе дојдоа на подобро место, но некои знаеја дека ја носат инфекцијата со нив“, рече Вучиќ. (Н1)