Вучиќ на тешки маки – дали Србија да се приклучи на санкциите на ЕУ кон Русија

Претставниците на ЕУ и САД изјавија дека очекуваат Белград да го усогласи со Западот својот одговор на признавањето на Русија на двата отцепени региони во источна Украина


Фото: Бета

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е во комплицирана ситуација – не само поради санкциите на ЕУ за Русија, туку и дали ќе поддржи сецесија на двата региони од Украина. Токму спротивното од она што го тврди српската официјална политика за Косово. Вучиќ изјави дека во следните 48 часа ќе излезе со целосен одговор за украинската криза.

Тој им рече на новинарите во Мадрид, каде што е во еднодневна посета, како одговор на новинарско прашање за тоа што Србија ќе направи откако портпаролот на ЕУ, Петер Стано, изјави дека блокот очекува Србија да се усогласи со ЕУ за санкциите против Русија поради признавањето на двата сепаратистички региони во Украина.

Вучиќ рече дека утре ќе се сретне со претставници на петте најразвиени земји во светот и Европската унија – Америка, Германија, Англија, Франција, Италија и со претставникот на Европската унија во Белград. По таа средба или најдоцна 24 часа потоа ќе излезе со ставови за прашањето за Украина.

„Но, нашите ставови, за разлика од многу нивни ставови, целосно ќе се засноваат на почитување на меѓународното јавно право, ќе бидат апсолутно принципиелни и нема да се разликуваат во однос на она што го мислевме и зборувавме во 2000 и 2015 година и денес“, рече Вучиќ.

Претставниците на ЕУ и САД изјавија дека очекуваат Белград да го усогласи со Западот својот одговор на признавањето на Русија на двата отцепени региони во источна Украина, вклучително и во однос на санкциите.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, претходно изјави дека Европската унија ќе реагира со санкции на руското кршење на меѓународното право и дека очекува земјите во пристапниот процес да ги почитуваат одлуките на Брисел.

Вучиќ вечерва изјави дека Србија ќе се обиде да ги зачува своите интереси, иако тоа на многумина не им се допаѓа. Вучиќ со шпанските власти за Украина и дека ја истакнал важноста од почитување на меѓународното право.

За Србија е важно да ги зачува мирот и економската стабилност и „не ни паѓа на памет да бидеме дел од некои пошироки војни“.

Вучиќ изјави дека доаѓање во Србија најавила министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, дека таа е важна земја и дека нејзините претставници се секогаш добредојдени.

„Тоа е важна земја, наш најважен и најголем партнер во Европа и тие се секогаш добредојдени“, изјави Вучиќ во Мадрид.

„Нова.рс“ денеска објави дека германската министерка за надворешни работи планира посета на Белград во рамки на дипломатската турнеја кога покрај Србија треба да ги посети и Босна и Херцеговина и Косово. Се наведува дека таа ќе ја посети Србија за помалку од две недели доколку ситуацијата меѓу Русија и Украина дополнително не ескалира. (Н.В.)