Вучиќ: Можеби никогаш нема да постигнеме договор со Приштина

Српскиот претседател Александар Вучиќ по посетата на Њујорк изјави дека договор со Приштина може да се постигне за пет месеци, 50 години или никогаш.

Вучиќ, одговарајќи на прашање на ТВ Прва кога може да се очекува договор, рече дека тој не може да зборува за тоа „на таков начин“.

– Не можам да зборувам на тој начин, не е прашање дали тоа може да биде за пет месеци или 50 години, а може да не биде и никогаш, кажа Вучиќ, кој додаде дека ситуацијата во врска со Косово е тешка, комплицирана и сложена, но дека Србија во „тактичка смисла“ гледа да придвижи сè што може за да направи поповолна позиција за српскиот народ во земјата во целина.

– Таа борба ќе продолжи тактички, а стратешки можам да зборувам само ако имаме некаков вид на рамковен договор во глава, што би било стратешка одлука. Ова се останато е тактички потег, рече Вучиќ.