Вучиќ и Рама гости на Заев во Охрид


За утре е најавена уште една средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама со премиерот Зоран Заев. Средбата ќе биде во Охрид каде ќе се најде договорот за „мал Шенген“.

По првичната трилатерална средба лидетите на Србија, Албанија и Македонија ветија во заедничка Декларација за слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал во Западен Балкан дека ќе работат на подобрување на регионалната соработка со цел зголемување на економскиот раст, привлекување инвестиции и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните.

Во декларацијата,по средба во Нови Сад се вели дека потписниците, свесни за одговорноста за обликување на судбините на нивните земји, се посветени на зајакнување на мирот, еднаквоста, владеењето на законот и просперитет за сегашните и идните генерации во Југоисточна Европа.