Вучиќ го остави Белград отворен, предложи поблаги мерки


 

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва објави дека од утре во следните две недели се затвораат ноќните клубови и сплавови од 23 часот до 6 наутро, како и кафулињата и студентските домови, поради зголемениот број заболени од корона вирус во Србија.

„Би сакал да имавме поповолна ситуација, најголемиот проблем е Белград, 82,5 отсто од заразените се во белград“, вели Вучиќ.

За да разберат луѓето зошто е тоа проблем, Вучиќ појасни дека 22 отсто од граѓаните на Србија живеат во Белград, а тој е ново жариште.

Владата треба да ги донесе новите мерки утре, а слободно ќе можат да работат кафулињата кои имаат летни тераси.

Беше најавено дека ќе се затворат и студентските домови, бидејќи и таму се појавија заразени, но по разгворори со претседателот, српските медиуми јавуваат дека студентите сепак ќе останат во домовите, а ќе се зголемат епидемиолошките мерки

За оние кои нема да ги почитуваат новите мерки ќе следуваат казни.

Во затворен простор дозволено е присуство на 100 луѓе, а надвор до 500.

„Тоа се мерките кои стапуваат на сила утре, а ако не дадат резултати и не бидат доволни, ќе се оди понатаму“, вели Вучиќ.

„Да можев сам да одлучувам, би го затворил Белград и би вовел полициски час“, додава претседателот и објаснува дека тоа е најбрзо решение.

Прашан дали ќе се затвори Белград ако мерките не дадат резултати, Вучиќ рече дека ако по четири дена нема резултати, ќе го затвори Белград.