Второ признание за Никола Ристановски во Србија за улогата во „Уна“
На втората вечер од 30-годишнината од Фестивалот на глума „Миливое Живановиќ“ во Пожаревац, наградата за најдобар актер на вечерта му припадна на Никола Ристановски за улогата на професорот Мишел Бабиќ во претставата „Уна“, на театарот Звездара.
Стручното жири и жирито на публиката беа едногласни во својата проценка дека Ристановски треба да биде лауреат на втората вечер на фестивалот, за неговата улога во претставата заснована на романот од Момо Капор.
„Уна“ премиерно беше прикажана во октомври минатата година на сцената на Звездара од Данило Бата Стојковиќ. Текстот го напиша Стеван Копривица, а режијата е потпишана од македонскиот режисер, Дејан Пројковски.
Ова е второ признание на Ристановски за неговата улога во „Уна“, по наградата за најдобра глума на 34-тите „Денови на Зоран Радмиловиќ“ во Зајечар, во 2025 година.
Костимограф за „Уна“ е Ивана Ристиќ, а музиката ја компонираше Горан Трајкоски.