Втор пораз на македонските тенисери во Дејвис купот

Македонската тениска репрезентација го доживеа вториот пораз во третата европска група во „Дејвис Купот“, откако нашите тенисери изгубија со 3-0 од селекцијата на Летонија.

Димитар Грабул загуби од Роберт Стромбахс во два сета, со 7:6, 7:6. Во вториот меч, Горазд Србљак беше надигран од Мартинс Подзус со убедливи 6:1, 6:2, а во двојки Лука Љубен Андонов и Берк Бугариќ беа поразени од Артурс Лаздинс и Јанис Подзус со 6:1, 6:3.

Следниот меч го играме утре против Црна Гора, која исто има два порази по првите два меча.