Втор Мајски коњички турнир претстојниот викенд на теренот на Анималс


Во организација на Федерацијата за коњички спортови на РС Македонија и клубот Анималс од Скопје в сабота од 11 часот ќе се одржи вториот Мајски коњички турнир и 1.коло од отвореното Државно првенство во дресурно јавање.

 

Натпреварите ќе се одвиваат на теренот на клубот Анималс во населбата Дрма – Идризово.

 

На програмата се три натпревари: Категорија-А, Категорија-М и Категорија-ЛМ.

 

Со избор на слободна програма и музика во траење 3-4 минути.