Втор круг парламентарни избори во Литванија

Литванија денеска го одржува вториот круг парламентарни избори, чии победници ќе се соочат со растечката здравствена и економска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, пренесуваат локалните медиуми.

Литванската опозициска конзервативна Татковинска партија прогласи победа во првиот круг парламентарни извори на 11 октомври, освојувајќи 23 од 141 место во Парламентот.

Партијата на фармерите и Унијата на зелените, кои се дел од сегашната владејачка коалиција, завршија на второто место со 16 места, со многу малку партии кои се пласираа во вториот круг.

Вториот круг се одржува во изборните единици каде ниту еден кандидат не освоил мнозинство, а борба се води за 68 пратенички места.

„Гласаме за промена. Уморни од регулативи, забрани и други глупости што оваа Влада ни ги наметна веќе четири години, а не се избори против коронавирусот“, рече еден гласач во Вилнус.

Анкетите се затвораат во 20 часот и резултатите се очекуваат во текот на ноќта.