Втор ден по ред над 3.000 новозаразени во Велика Британија

Велика Британија регистрираше повеќе од 3.000 нови случаи на коронавирус втор ден по ред.

Одделот за здравство и социјална заштита забележа дневно зголемување од 3.497 нови случаи, нешто помалку од бројката од 3.539 во петокот, што е најголем дневен биланс од 17 мај.

Дневните пријавени случаи се двојно повеќе од седмица или две наназад, што е големо зголемување кое предизвика загриженост околу вториот бран на епидемијата.

Велика Британија пријави повеќе од 41.600 смртни случаи поврзани со Ковид-19, што е најмногу во Европа. Британската влада објави дека социјалните собири во Англија ќе бидат ограничени на шест лица во затворено и надвор, а прекршителите на правилата од утре ќе бидат парично казнувани.