Вселената и метеорологијата: Како Месечината влијае на временските прилики на Земјата?


Фото: Б. Грданоски

Месечината навистина влијае на климата и временските обрасци на Земјата на неколку суптилни начини.

Пред 4,5 милијарди години, две древни планети се сурдиле и се споиле во една, станувајќи Земја.

Во текот на колосалната средба на овие две планети – прото-Земја и Теа – се одвоила мала карпеста маса и станала наша месечина.

Таа, нашиот најблизок компањон во бесконечноста на вселената, неодоливо е поврзана со самото наше постоење, преку лунарните ритми втиснати во циклусите на животот на Земјата.

Ефектите на месечевите дејства на Земјата и понатаму не се сфатени до крај.

Предизвик е да се рабере што е мит, а кога нашиот лунарен компањон навистина има влијание врз нас.

Колеблива орбита

Најочигледниот ефект на Месечината врз Земјата може да се види во плимите на океаните.

Како што Земјата се врти секој ден, Месечевата гравитација ги привлекува кон себе водите од Земјината најблиска страна, стварајќи испакнувања.

Морето се испакнува и на спротивната страна поради центрифугалната сила која ја предизвикува земјината ротација.

Земјата се врти под тие водени испакнатини, што секој ден доведува до две високи плими и две ниски осеки.

Секои 18,6 години, месечевата орбита се „колеба“ меѓу максимум и минимум од плус и минус пет степени во однос на земјиниот екватор.

Овој циклус, прв пат забележан во 1728 година, се вика циклус на Месечеви чворови.

Кога лунарниот план се оддалечува од екваторскиот план, плимите на Земјата се намалуваат.

Кога месечевата орбита е поблиска до земјиниот екватор, плимите се нагласени.

НАСА вели дека растот на нивото на морињата поради климатските промени во комбинација со влијанието на Месечевите чворови, ќе предизвикаат драматично зголемување на бројот поплави предизвикани од високата плима во текот на 2030-тите.

Бенџамин Хамлингтон, научен истражувач и шеф на научниот тим на НАСА за промена на нивото на морињата, е заинтересиран колку нивоата на морињата реагираат на природните и човековите дејства и што значи тоа за крајбрежната популација.

„Поплавите сред плимата влијаат на животот во крајбрежните заедници во најширока смисла. Тоа влијае на вашата способност да најдете работа, им отежнува на фирмите да продолжат со работа“, вели тој.

„Сега е тоа непријатност, но ќе стане тешко за игнорирање, ќе стане тешко да се живее со тоа“.

„Овие поплави, кои Месечината само ги зајакнува, ќе ја уништат инфрастрултурата и ќе го променат изгледот на бреговите“, вели Хамлинготн.

„Може од една до друга деценија да доживееме четири пати повеќе поплави. Циклусот на Месечеви чворови влијаат на сите локации на Земјата, а нивото на морето расте секаде. И затоа ќе доживееме рапидни зголемувања на поплавите од висока плима ширум планетата“.


Циклусот на Месечеви чворови може да им направи многу проблеми на луѓето, но за дивите животни во крајбрежните екосистеми може да претставува егзистенцијална опасност.

Илија Рошлин, професор на Универзитетот Ратгерс, ја проучува врската меѓу циклусот на Месечеви чворови и популациите на комарци во мочуриштата со солена вода.

„Кога циклусот на чворови е на врвот, високите плими ги плават живеалиштата на комарците подлабоко на копното“, вели Рошлин.

Поплавите предизвикани од плимата тогаш се случуваат почесто, а со себе носат кили риби – група од неколку стотини видови налик на мали слатководни риби од семејството шарани, кои можат да се најдат во солена, слаткаста и слатка вода.

Овие грабливци ќе ги елиминираат или ќе ја намалат популацијата на комарци кои се во фаза на развој од јајца или ларви, пред да можат инсектите да излетаат од водата во која се родени.

„Обично помалку комарци има на врвот од циклусот“, вели Рошлин.

„На најниската точка од циклусот, плимите може да поплават живеалишта на комарци многу ретко, давајќи им доволно време да побегнат, на тој начин зголемувајќи ја нивната популација“.

А тоа не влијае само на комарците – нивното изобилство е посредник за благосостојба на многу други видови.

На мочуриштата со солена вода им недостасуваат тревопасни цицачи, но на нивно место има безрбетници како шкампи, јастози, полжави, скакулци и други инсекти.

Тие, за возврат, се голем извор на храна за крајбрежните птици и риби.

„Врвот на циклусот на Месечеви чворови заедно со порастот на нивото на морињата носи реална можност да се потопат мочуриштата со солена вода“, вели Рошлин.

А кога ќе бидат потопени безрбетниците од мочуриштата со солена вода, крајбрежните птици и другите видови зависат од нив и самите ќе бидат сериозно погодени од тоа.

Тоа подразбира и луѓето, затоа што мочуриштата со солена вода е од клучна важност за глобалното стопанство, затоа што служат како одгледувалишта на мноштво морски свет што прават повеќе од 75 отсто од сите видови риби.

Солените мочуришта се значајни и од голема еколошка важност, затоа што служат како голем резервоар на јаглерод од многу копнени екосистеми.

Слатководните мочуришта, за тоа време, содржат 10 пати повеќе јаглерод од плимските солени локации, најмногу поради нивната голема распространетост.

Со зголемување на поплавите поради месечевите колебања и растот на нивото на морето, слатководните мочуришта исто така ги чекаат крупни промени.

Кристина Хопфенспергер е научник за животна средина од Универзитетот во Северен Кентаки која ја проучува салинизацијата на слатководните мочуришта.

„Слатководните крајбрежни мочуришта доживуваат големи плимни флуктуации во текот на целиот ден, и имаат многу поголем биодиверзитет од нивните солени еквиваленти“, вели таа.

„Многу видови се специјализирани – штом билките или првото ниво на мрежата на исхрана почнат да го менуваат составот на разните заедници на слатководни билни видови во помалку разновидни заедници на билки кои толерираат солено окружување, животните кои зависат од нив може да почнат да се менуваат – птиците, копнените инсекти и така натаму.

Слатководните морски видови исто така, чувствуваат зголемен салинитет и заминуваат подлабоко накај копното за да останат во слатка вода“.

„Салинизацијата на слатководните крајбрежни мочурушта ќе продолжат да се зголемуваат со растот на нивото на морето – со што почесто ќе доаѓа до полави, а салинитетот повеќе ќе влијае на мочуриштата.

Светот без плима би имал поинакви временски ситеми.

Плимите се еден од факторите кои влијаат на движењето на морските струи, кои ја придвижуваат топлата и студената вода на Земјата.

Топлите морски струи носат топло, влажно време, додека студените морски струи, носат студено, посуво време.

Еден од најважните феномени за производство на временски услови на Земјата може да ги почувствува последиците од циклусот на месечеви чворови.

Обично силните ветрови околу екваторот ја оддувуваат топлата површинска вода на запад од Јужна Америка кон Индонезија и на нејзино место се крева постудена вода од длабочините.

Во текот на Ел Нињо, овие пасати слабеат или дури и се превртуваат, влијаат на временските услови ширум светот.

Топлата површинска вода се насобира близу зпадниот брег на Јужна Америка, а студената останува длабоко во океанот.

Обично влажните области доживуваат суша, додека сувите области се поплавени од дождови , што доведува дури и до тоа пустините да процветаат.

Ла Ниња од друга страна, има спротивен ефект од Ел Ниња.

Пасатите се посилни од обично и ја туркаат топлата вода кон Азија.

Студените води кои се насобираат на брегот на Америка потоа ги туркаат млазните струи на север.

Резултат се потопли зимски температури од обично на југ и постудени од нормално на север.

Заедно, феномените Ел Ниња и Ла Ниња се дел од циклусот по име Ел Нињо – Јужна осцилација (ENSO).

(Делот со “Јужна осцилација“ се однесува на промената во воздушниот притисок на ниво на морето над екваторијалниот Тихи Океан).

Научниците од Државниот универзитет во Охајо сугерираа дека на промената меѓу Ел Ниња и Ла Ниња може да влијае подповршински океански бран поттурнат од лунарната плимска гравитациона сила.

Истражувачите од Универзитетот во Токио јавија дека ENSO може да се предвиди до следење на циклусот месечеви чворови од 18,6 години.

„Секако познато е влијанието на месечевите чворови на температурата на морските површини“, вели Фил Вудворт, стручњак за нивоата на морињата и емертус соработник на британскиот Национален океанографски центар.

Месечевата гравитациона сила влијае на плимните струи, па така и движењето и мешањето на горните слоеви на океанската вода, вели Видворт. „Ова особено важи за Северниот Пацифик“.

Фото: Б. Грданоски

Мраз, земја и воздух

И додека циклусот на месечеви чворови ќе доведе до значајни промени во наредните децении, на краткорочна временска скала Месечината влијае на Земјата и на некои други помалку познати начини.

Се смета дека Месечината влијае и на поларните температури, и придонесува во флуктуациите на количините на арктичкиот мраз.

Иако овде влијанието на Месечината не е циклусот на чворови од 18,6 години, туку неговата попозната месечна варијација во количината на светлина која се одбива од неа додека се полни и се смалува.

Сателистките мерења покажаа дека половите за 0,55 степени Целзиусови се потопли во текот на полна Месечина.

Покрај тоа, силите на плимата го разбиваат ледениот покривач и ги менуваат тековите на океанските топлини, менувајќи ја количината на мраз во Арктичкиот Океан.

Месечината предизвикува плимски струи и бранови, и на површината и подлабоко во океанот, вели Крис Вилсон, стручњак за морска физика и океанска клима при Националниот океанографски центар.

„Овие струи и бранови можат или да го стопат или да го разбијат морскиот мраз, поради транспортот и мешањето на топлите води или поради отежнатото движење кое го разбива мразот во ситни парчиња, а кои потоа се поподложни на топење“.

Водата и мразот не се единствени делови на планетата кои доживуваат плими.

Месечината има ефект на плима и на цвртстото тло и на атмосферата.

Земјините плими се слични на океанските плими.

Земјата се деформира и се испакнува исто како и морето, и се смета дека тоа предизвикува вулканска активност и земјотреси.

Атмосферските плими предизвикуваат движење на енергијата од горната и долната атмосфера, и го менуваат атмосферскиот притисок.

Промените на воздушниот притисок се поврзани со положбата на Месечината и прв пат се откриени во 1847 година.

Гравитациските сили на Месечината предизвикуваат испакнувања и осцилации во Земјината атмосфера, слично на она што се гледа во водата.

„Промените во атмосферскиот притисок поврзани се со посвисоките температури на воздухот, што повторно значи дека молекулите на воздухот може да содржат повеќе влага во вид на водена пареа, намалувајќи ја влажноста и така да има шанси да падне дожд“, вели Лиз Бентли, генерална директорка на Кралското метеоролошко друштво.

Како последица на тоа, се знае дека понискиот притисок доведува до студено, влажно време, а повисокиот притисок до мирно пријатно време.

Но, влијанието на Месечината на дождовите преку атмосферските плими е мало, бидејќи други фактори како топлината на Сонцето имаат поголемо влијание.

Истражувачите од Универзитетот во Вaшингтoн, тврдат дека лунарните сили навистина влијаат на количината дожд – но само околу еден отсто.

Џон Волас, професор по атмосферски науки од Универзитетот во Вашингтон, вели:

„Во времиња кога Сoнцето и Месечината се приближуваат едно со друго, дожд паѓа малку повеќе отколку шест часа порано или подоцна. Значи, Месечевата влечна сила не влијае само на тоа колку дожд паѓа, туку и кога ќе паѓа.“

Месечевото влијание, некогаш суптилно, а некогаш значајно, има формативно влијание на животот на Земјата.

Некои научници тврдат дека Месечината е таа која воопшто овозможува живот на Земјата.

Месечината ја смирува Земјата додека таа се врти околу својата оска, помагајќи ѝ да има стабилна клима.

Без неа, Земјата би се движела многу похаотично. Половите би се придвижувале позначително во согласност со Земјината орбита. Годишните времиња, деновите и ноќите би изгледале поинаку.

Но, плимите кои можеби го започнале животот на Земјата исто така ја оддалечуваат Месечината од нас.

Секоја година Месечината се поместува понатаму од Земјата за речиси четири сантиметри поради плимите кои ги предизвикува на Земјата.

Земјата се врти побрзо од месечевите орбити, па гравитационата сила на плимното испупчување ја влече Месечината побрзо.

Додека Месечината забрзува, таа бидува фрлена малку подалеку и нејзината орбита станува поголема.

Тоа е помалку наликува на она кога стоите на вртелешка на детско игралиште – колку побрзо таа се врти, повеќе чувствувате како центарот да се оддалечува од вас.

Месечината е наш најблизок сојузник во бескрајниот Унивезрум, без кој Земјата би била едно многу осамено место.(Би-би-си)