Врвните готвачи ги имаат овие три трика за готвење чорба: Ова никогаш не би ви паднало на памет


Неделниот ручек не може да се замисли без добра супа или чорба. И колку и да изгледа едноставно нивното подготвување, често дома не излегува толку добро како во ресторан или како што го готвеле нашите баби.

А за да се подобри вкусот, постојат три трикови кои ги користат професионалните готвачи.

Искористете ги остатоците

По принципот ништо не се фрла, остатоците од другите јадења може да бидат одлична тајна состојка што ја прави разликата. Можеби ви изгледа некомпатибилно, сепак некои комбинации се вистинска експлозија на вкус. Така Френк Палермо, сопственик на познатиот њујоршки ресторан „Claws Seafood Market“ ги заштедува маснотиите од сланината за неговата – супа од школки!

– Можеби не е најздрав, но го дава оној зачаден, богат вкус што ќе го издвои – истакнува тој и објаснува дека оваа маст ја користи наместо путер и масло.

Зачувајте ги коските

Треба да ги зачувате коските и ‘рскавицата. А потоа ги готвите долго на тивок оган. Многу готвачи препорачуваат коските и преостанатото месо прво да се испечат малку во рерна за да се создаде реакција која ќе го подобри и промени вкусот.

Ова е всушност еден од најважните чекори што ја прават супата или чорбата посебна, давајќи ѝ уникатен вкус, но и витамини.

Додавање киселина

Лажица оцет целосно ќе го промени вкусот на вашата супа. Сепак, многу готвачи сакаат да користат сок од цитрус, доматна паста или дури и вино или пиво. На овој начин вкусот се засилува, а киселината што ја сакате треба да ја додадете кон крајот на готвењето или непосредно пред сервирањето.

Друг корисен трик е да ја изрендате кората од портокал бидејќи ќе ја истакне слаткоста на зеленчукот и ќе го спротивстави на масниот вкус на месото.