Врвни руски политичари загрижени од хаотичната мобилизација

Претседателката на Советот на федерација и и спикерот на Думата вината за инцидентите ја префрлија на регионалните гувернери


 

Двајцата високи руски пратеници се осврнаа на поплаките за „делумната мобилизација“ на претседателот Владимир Путин во неделата, по првичниот бран обележан со протести, грешки при изготвување списоци и егзодус на граѓани кои бегаат од Русија.

Валентина Матвиенко, претседател на Советот на Федерацијата на Русија, во неделата рече дека гледа извештаи за „погрешни инциденти на мобилизирање граѓани“.

„Ваквите екстреми се апсолутно неприфатливи. И, според мене, острата реакција што ја гледаме во општеството е заслужена“, рече таа во објава на Телеграм.

Во директното обраќање до регионалните гувернери на Русија, Матвиенко им рече дека тие се „целосно одговорни за спроведување на кампањи за мобилизација“.

„[Морате] да обезбедите спроведување на делумната мобилизација во целосна и апсолутна усогласеност со најавените критериуми, без дозволени грешки!“ додаде таа.

Вјачеслав Володин, претседател на долниот дом на рускиот парламент, Државната дума, исто така изрази загриженост во објава на Телеграм во неделата.

„Важно е делумната мобилизација да се одвива во согласност со законот“, рече Володин, додавајќи дека „пристигнуваат жалби“.