Врховниот суд на САД ќе ги разгледа обврските за вакцинација наметнати од Бајден


САД–  Врховниот суд на САД се согласи да иницира расправа околу обврската наметната од администрацијата на Бајден за вакцинирање или тестирање за Ковид-19 за големите компании и обврските за вакцинирање на здравствените работници.

Во краткиот судско соопштение се вели дека судот ќе ги сослуша усните аргументи на 7 јануари во два случаја, а пресудите најверојатно ќе следат по кратко време.

Судот, кој има конзервативно мнозинство од 6-3, ја одложи итната постапка во двата случаја. Обврската на работното место моментално е на сила на национално ниво, додека обврската за здравствените работницие блокирана е во половина од 50-те американски држави.

Администрацијата на Бајден побара од судот да дозволи мерката да стапи на сила во 24 држави каде што беше блокирана од пониските судови. Беше блокирана и во Тексас во еден одделен случај.