Врховниот суд на САД дозволи смртна казна со нитроген


Вашингтон – Врховниот суд на САД не забрани извршување на егзекуција со азотна гипоксија на осуденик на смрт од Алабама. Егзекуција со гасот азот е нетестиран начин на усмртување со низа негативни законски реакции а го исритикува и Канцеларијата за човековите права на Обединетите Нации. 

Смит (58) е на пат да стане првиот осуденик во САД, и во светот, усмртен со азотна гипоксија. 

Судиите од Врховниот суд ги отфрлија аргументите од неговите адвокати дека би било противуставно државата да изврши врз него егзекуција по втор пат по неуспешната смртоносна инекција во 2022 година. 

Смит исто така побара од апелациски суд во САД да ја блокира неговата егзекуција. Судот сеуште се нема произнесено. Постапката е закажана да се одржи на 25 јануари. Тој се соочува со смртна казна по неговата улога во извршување на платено убиство на сопруга на свештеник во округот Колберт, Алабама во 1988 година.

Азотна гипоксија е процес каде чист гас азот се вдишува во доволна голема концентрација до точка кога организмот целосно се лишува од кислород и доаѓа до задушување. Тоа е алтернативна форма на смртна казна одобрена од седум сојузни држави како Алабама, Мисисипи и Оклахома, наспроти двата останати метода – инекција со смртоносен коктел или електричен стол, според Информациски центар за смртна казна.