Врховен ја укина пресудата за новинарот Кежаровски


Врховниот суд ги укина пресудите на Кривичниот и Апелацискиот суд за случајот „Ликвидација“ и предметот го врати на повторно судење. Ова на својот Фејсбук профил го објави новинарот Томислав Кежаровски кој беше осуден на 4,5 години казна затвор, а потоа Апелација му ја намали казната на две години.

Предметот е е поврзан со убиството на Лазар Милошевски (74) во 2005 година во велешкото село Ореше.

Кежаровски во 2013 година беше осуден за откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“ во текст во списанието „Репортер 92“, со што според судот му го загрозил животот. Кежаровски во текот на судењето тврдење дека сведокот не само што не бил заштитетн, туку бил и лажен сведок, кој сведочел по налог на тајната полиција.

Кежаровски беше во притвор шест месеци во Шутка, а потоа му беше одреден и куќен притвор поради влошена здравствена состојба.

Покрај него, на обвинителната клупа седнаа уште седум лица, меѓу кои судии, јавен обвинител и адвокат.

Обвинетите се товареа за примање поткуп, злоупотреба на службена должност, неовластено откривање на сведоци, недозволиво поседување оружје и друго.