Времен режим на сообраќај на улицата „808“ во скопската населба Автокоманда


Поради изведба на градежни активности за реконструкција на коловозот во насока на движење од улица „16-та Македонска бригада“ до булеварот „Киро Глигоров“ денес во периодот од 7:00 до 15:00 часот ќе биде воведен времен режим на сообраќај на улицата „808“ во населбата Автокоманда, информираат од ЈП „Улици и патишта“ – Скопје.

-Реконструкцијата ќе се одвива фазно, односно при изведбата  на градежните активности ќе биде затворена едната, а потоа и другата коловозна лента од улицата „808“ и работите ќе се одвиваат со поставена соодветна сообраќајна сигнализација, велат од ЈП „Улици и патишта“ и апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.