Време е за мантил: Асоцира на дожд, а некои го мешаат со баде мантил


Ниту капут, ниту џемпер. Ниту тенко, ниту дебело. Ниту зима, ниту лето. Златна средина во женскиот и машкиот гардеробер. Краток, долг, тренд или класика. Анонимен од распродажба или славен од „Барбери“. Внатре може да го соблечете или да го носите како сако или фустан. Стегнат со ремен во струкот или слободен како балонер. Со мантилот почитувате правила ама и ги кршите ако изберете да го носите на голо тело. Оди со чевли, патики, мокасинки или салонки и сандали на висока потпетица. На официјални, гала или неформални настани. Со високи гости, со колеги, со пријателите, домашните, или комшиите.

Меган Маркл

 

Мантилот е измислен да ве изненади, да ве замисли, да се запрашате или да се нурнете во модните списанија и книги и да го откриете неговиот шарм. 

Есен е, време е. (Л.С.)