Вредноста на имотот на Американците за време на пандемијата пораснала за 37 отсто


 Финансиската состојба на Американците, покрај економската криза предизвикана од пандемијата, се подобрила во изминатите години, покажуваат резултатите од најновата анкета на Федералните резерви (Централна банка на САД). 

Од 2019 до 2022 година вредноста на имотот на просечно американско семејство пораснала за 37 отсто, најголем раст во текот на три години откако Фед започна да ја прави оваа анкета пред три децении. 

Според анкетата, економската нееднаквост меѓу богатите и сиромашните во САД донекаде се намалила во тој период. Привремената владина помош за време на пандемијата е една од причините за стекнатите добивки. 

Средната заработувачка по семејство исто така пораснала, но само за три отсто, и најголем дел од тоа зголемување се однесува за оние со повисоки плати. 

Нивото на задолженост кај Американците не се променило во текот на анкетираниот период. Но, семејствата биле во подобра ситуација да ги измират своите долгови отколку порано, и уделот на семејствата кои пријавиле банкрот во изминатите пет години се намалил за 1.3 отсто. 

Според анкетата, во 2022 година речиси две од три семејства биле сопственици на домови. Зголемените цени на недвижностите придонеле во добивката на домаќинствата, но затоа куќите станале понедостапни за они кои сакаат да станат сопственици на домови. 

Во 2022 година средната цена на куќите чинела повеќе од четири и пол пати од средната заработувачка на семејствата. Достапноста се влошила годинава, со тоа што цената на куќите останала висока додека каматните стапки за станбени кредити се зголемиле.