Вратени уште 42 македонски граѓани од странство


Министерството за надворешни работи на Македонија во соработка со МНР на  Словенија, словенечкиот Кризен штаб и словенечката полиција, утрово  организираше враќање на 42 македонски граѓани во својата земја.

Тие се донесени со 16 автомобили, а  ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.

Истовремено, во текот на денешниот ден е организиран и автобуски превоз за враќање на 27 македонски граѓани од Истанбул.