Врање не стивнува, уште 18 новозаразени


Бројот на заболени од корона вирусот во Врање, Србија, во однос на вчера се зголеми за 18, па вкупно во неколку дена има 70 заразени, повеќето од фабриката за мебел „Додиќ“, соопштија надлежните.

Според директорката за Заводот за јавно здравје Светлана Стојановиќ од саботата во Врање на лечење примени се 70 заразени, од кои 55 се од фабриката „Додиќ“, која е идентификувана како локално жариште во тој град.

Короната влезе и во фабриката за производство на обувки „Геокс“, каде има неколку потврдени случаи.

Поради зголемениот број случаи во Врање повторно беше отворена ковид-болницата.

Вкупниот број заразени пациенти од Врање е 180, а во болница се 93.

Според Стојановиќ, сите вработени во фабриката „Додиќ“ се тестирани.

„Вчера пративме 327 примероци, а тестирани се сите вработени во фабриката „Додиќ“. До сега ни стигнаа резултати за 192 бриса и од нив 18 беа позитивни. Дванаесет се од фабриката, а останатите ги испитуваме кои сами се јавија, дали биле во контакт со заболените“, вели таа.

И во фабриката „Геокс“ има заболени, но тие се со поблага клиничка слика, додека некои се само со воспаление на белите дробови.

Инаку, денеска во Србија се регистрирани 89 нови случаи, тестирани се повеќе од 4.100 луѓе,  а еден е починат.