Врачување на наградата „Роман на годината“


Вечер, во 19 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје ќе биде врачена престижната книжевна награда „Роман на годината“ за 2018 што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“.

Добитник е романот „Некој бил тука“ од Николина Андова- Шопова, во издание на Темплум. Вака одлучи жири-комисијата за доделување на наградата во состав: Фросина Пармаковска (претседател), Богомил Ѓузел, Александар Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева.

Во најтесниот избор за оваа награда беа и романите „Страв од варвари“ од Петар Андоновски („Или-или“) и „Маџун“ од Влада Урошевиќ („Магор“).

Наградата „Роман на годината“ се состои од плакета, статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Годинава се доделува по 20-ти пат.

Генерален спонзор на наградата е „Комерцијална банка“ АД.