Вработените во Њујорк Тајмс штрајкуваат за прв пат од крајот на 1970-тите


 

Повеќе од 1.100 вработени во Њујорк Тајмс и членови на синдикатот денеска ќе престанат со работа на еден ден откако пропаднаа преговорите со издавачот на весникот за „целосен и праведен договор“, соопшти синдикатот.

Ова е прва пат вработените во Њујорк тајмс да учествуваат во прекин на работатат од доцните 1970-ти.

Тоа е дел од растечкото движење на работниците низ Соединетите Држави во кое се вклучени вработени од компании како „Амазон“, „Старбакс“ и „Епл“ кои се организираа во обид да се спротивстават на, како што велат, нефер работните практики.