Вработените од Бирото за развој на образованието работат од дома


Фото: Б. Грданоски

Откако во јавноста се појави информација дека вработените во Бирото за развој на обрзованието се на колективен одмор, место пред почетокот на учебната година да работат на скратени програми и насоки како да се одвива наставата во услови на Ковид-19, од таму демантираат и велат дека работат од дома.

– Со оглед на здравствената криза со ковид 19 во нашата земја и предизивиците со коишто сесоочува образованието, а особено во изнаоѓањето на најсоодветни начини за отпочнување нановата учебна година, советниците во Бирото за развој на образованието оваа година и не користат годишен одмор. Заради законската обврска тие имаат решенија за користење годишен одмор од 10 работни дена, но и покрај тоа тие се ангажирани и работат од дома. Една од обврските што ја имаат е изработувањето на скратените наставни програми за сите наставни предмети од основното образование, гимназиското образование, уметничкото образование и општообразовните предмети во стручното образование -велат од таму.

Сепак додаваат дека скратените програми се изработени и истите ќе бидат доставени во МОН на усвојување, иако според сите досегашни насоки и протоколи јасно е дека нема да се работи според скратени програми, бидејќи согласно постоечките закони тие се изработуваат за вонредни состојби и настава којашто е во траење од 100 дена.

– Во текот на целиот летен период Бирото за развој на образованието активно е вклучено во изработка на истражувања и изработка на документи значајни за успешно организрање и реализирање на наставата и учењето. Така, заедно до УНИЦЕФ и Здружението Реактор подготвено е сеопфатно истражување за искуствата на наставниците во реализација на настава од далечина во перидот на здравствената криза од март до јуни. Резултатите беа презентирани пред 10 дена од страна на министерот заобразование и наука, а врз основа на резултатите се разработуваа и моделите за одвивање нанаставата во следната учебна година – велат од Бирото за развој.

Уверуваат дека советниците во моментов работат и на подготовка на видео содржини за септември и октомври заедно со дел од наставниците, а потоа ги верифицират и истите се поставуваат на порталот ЕДУИНО.

До 13 август биле изработени 60 отсто од назначените содржини за септември за основното образование, во средно гимназиско образование 50 отсот и во средно стручно образование 30 отсто изработени/снимени видео лекции/содржини задалечинско учење/он лајн настава.

 

На порталот ЕДУИНО се поставува и нова функционалност Е-распоред преку којашто ќе им помогнеме и ќе им изработиме распоред за настава од далечина на сите училишта коишто на тој начин ќе ја реализираат наставата. Веќе дописите се испратени до училиштата, тие ги испраќаат бараните информации и се изработуваат профилите за секое одделно училиште. Бирото за развој на образованието овие денови постави обука на далечина за наставниците за користење и креирање основни алатки за реализација на наставата, а во тек е процесот за акредитација на програми за обука од областа на учењето на далечина коишто би се реализиралесо почетокот на учебната година и би им биле поддршка на наставниците при реализација на наставата.