Вработените не сакаат болницата “8 Септември“ повторно да биде Ковид центар


Фото: Б. Грданоски

Медицинскиот персонал во ГОБ“8 Септември“ најавува протест доколку болницата стане повторно Ковид центар.

Болницата одвои еден посебен оддел за Ковид и го огранични бројот на хоспитализирани пациенти до 50 , по што започна нормално да функционира и со тоа се стави во служба на сите пациенти.Откога започна нагло да се зголемува бројот на заболени со Ковид, се праќаат сигнали дека болницата повторно да стане Ковид центар.И директорот Христијан Костов деновиве изјави дека доколку ситуацијата со коронавирусот се влоши тие како болница се целосно подготвени.Ова ги вознемири вработените кои велат дека се преморени, а имаат и многу заболени од Ковид меѓу медицински персонал.Само во последните неколку дена се заразиле нови четворица вработени.

На инфективниот оддел има само двајца инфектолози од кој едниот е пред пензија.