Вработената во старечки дом во Скопје е негативна на Ковид 19


Министерството за здравство соопшти дека направен е технички превид, па во вчерашниот извештај една вработена во геронтолошки центар во Скопје беше регистрирана како позитивна на Ковид 19, што се покажало дека не е точно.

Така, во старчките домови во Македонија, скринигот се уште не покажал позитивни лица на корона вирус. За сега остануваат двајцата позитивни случаи, но од скринингот за градинките.

Имено, како што соопшти Министерството за здравство денеска, во однос на вкупниот број заболени воочен е технички превид при евиденција кај еден од тестираните во рамки на скринингот и согласно исправката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг.

Инаку, од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.