Вработена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ нападната од своја колешка


Фото: Б. Грданоски

 

Инцидент во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи, информираат дека бил пријавен случај на физички напад на работно место.

Имено, 47-годишничка од Скопје, вчера во 13.35 часот, во Полициската станица Центар, пријавила дека околу 12 часот на работното место во една од клиниките во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ била физички нападната од нејзина колешка, соопштија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.