Вработен во здравствена установа во Карпош бил натепан на работното место


Илустрација - (Фото: Б. Грданоски)

Вработен во здравствна установа на подрачјето на Карпош пријавил дека бил физички нападнат на работното место.

Како што се наведува во полицискиот билтен, во среда во СВР Скопје, Д.О.(56) од Скопје пријавил дека во здравствена установа на подрачјето на Карпош, каде работел, бил физички нападнат од Г.Н..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.