Вработен во општина Тетово си присвоил мобилен телефон од 108.000 денари


Едно лице од Тетово доби кривична пријава затоа што си присвоил мобилен телефон додека бил вработен во општина Тетово.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.С.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

-Во текот на 2021 година, пријавениот, во својство на вработено лице во општина Тетово, противправно за себе присвоил мобилен телефон со вредност од 108.000 денари, информира МВР.