Вработен во Гинекологија „Чаир“ нападнат од две лица


Вработен како обезбедување во болница „Чаир“, 60-годишен скопјанец, бил нападнат од две лица. 

– На 11.04.2024 во 18.50 часот во СВР Скопје, Ж.Д.(60) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на работното место како обезбедување во Јавна здравствена установа – Специјална болница по гинекологија и акушерство во Чаир бил физички нападнат од две лица, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.