Возвратна изложба во Сараево: Ликовни уметници- членови на МАНУ пред босанската публика


Во Сараево, утревечер се отвора изложбата „Членови на МАНУ-ликовни уметници“, како проект на Македонската академија на науките и уметностите и Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина.

Изложбата има за цел јавноста во Босна и Херцеговина да ја запознае со уметничкото творештво на некои од позначајни ликовни уметници од Македонија, членови на МАНУ, како: Никола Мартиноски, Димче Коцо, Димо Тодоровски, Вангел Коџоман, Јордан Грабулоски-Грабул, Томе Серафимовски, Димитар Кондовски, Васко Ташковски, Боро Митриќески, Младен Србиновиќ, Киро Урдин, Петар Хаџи-Бошков, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Владимир Величковиќ, Георги Константиновски и Омер Калеши.

Ова е возвратна изложба на дела од македонски уметници во Сараево, на која ѝ претходеше изложбата „Уметници- членови на АНУБиХ: кратка историја на Босна и Херцеговина во 20 век“ во Скопје, во април, годинава на која Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина ги претстави своите членови – ликовни уметници.